Целта на flowershop.com.mk е да ги доставиме најсвежите и најубавите цвеќиња и даваме се од себе вашата нарачка да биде особено пријатно изненадување за примателот на букетот. Ве покануваме да ги разгледате нашите услови за соработка. Доколку ви требаат подетални податоци ве молиме контактирајте не.
Приватност
Сигурност
Замена
Гаранција
Начин на плаќање
ПРИВАТНОСТ
Податоците кои ги доставувате до flowershop.com.mk ги сметаме за ваши приватни и тајни. Во ниеден случај тие нема да бидат споделени со други лица или фирми. Тие ги вклучуваат вашите лични генералии, адресата, телефонскиот број, електронската адреса и податоците од вашата кредитна картичка.
Името и адресата на примачот на букетот и пригодната порака им се достапни единствено на службата за испорака и локалната цвеќарница.
Со цел да се зголеми сигурноста на нарачките, во нашиот информационен систем НЕ се чуваат податоци од вашите кредитни картички. Процесирањето на вашите нарачки се врши преку сигурен информационен систем на нашиот партнер 2checkout.com, специјализирана фирма за управување со електронски трансакции.
Копија на вашата нарачка НЕ се чува во нашиот веб сервер.
Податоците внесени од ваша страна се чуваат единствено во насока на процесирање на вашата нарачка.
Не ги продаваме вашите податоци на трета страна.
Не ги користиме вашите податоци за наши понатамошни деловни активности. НЕМА да ви праќаме периодични информативни електронски пораки.
Кога ќе ја направите вашата нарачка ќе добиете две електронски пораки. Првата е потврда дека вашата нарачка е прифатена и се обработува, а втората е потврда дека вашата нарачка е успешно доставена до примачот.
СИГУРНОСТ
Наша цврста одредба е да НЕ чуваме било какви доверливи податоци од кредитните картички во нашите информациони системи. Сите податоци треба повторно да се внесуваат секојпат кога нарачувате.
Процесирањето на нарачки го врши 2Checkout.com Inc. (Охајо, САД)
Веб страниците на кои се внесуваат доверливите податоци од кредитните картички се заштитени со најнова SSL енкрипциска технологија обезбедена од лидерот во е-комерц сигурносни технологии, Thawte.
Вашето онлајн купување е сигурно и безгрижно искуство бидејќи приватноста и сигурноста на нарачките ни се од особено значење.
Ако имате дополнителни прашања или грижи околу сигурноста на нашиот веб сајт ве молиме контактирајте не.
ЗАМЕНА
Цветните аранжмани кои се презентирани на нашите веб страни се направени од сезонски цвеќиња. Во текот на годината одредени цвеќиња или нивни бои се недостапни. Во тој случај ќе се направи замена со друга боја или слични цвеќиња со иста вредност и убавина.
Додатоците во букетот и хартијата за пакување може да бидат поинакви од прикажаните на веб страниците.
Сепак ќе го задржиме стилот, големината, боите и формата на цветниот аранжман.
ГАРАНЦИЈА
Секој од нас во flowershop.com.mk се труди да развие и одржи коректни односи со купувачите. Целта ни е нашите купувачи да бидат целосно задоволни од нашата услуга.
Доколку имате прашања или сугестии во врска со вашата нарачка ве молиме контактирајте не.
НАЧИНИ НА ПЛАЌАЊЕ
Можете да платите со кредитна картичка. Во моментов прифаќаме Visa, MasterCard, Discover, American Express, Diners, JCB и дебитни картички со Visa и Mastercard лого.
Купувањето на нашиот веб сајт е безбедно. Тајноста на вашите информации е обезбедена.
Уживајте во купувањето на нашиот сајт.
|