Наша цел е да ги доставиме најсвежите и најубавите цветни аранжмани, а вашиот букет да биде навистина посебно доживување за блиската личност во Македонија.
Информации за испораката
Во цела Македонија - На сите валидни поштенски адреси во Македонија свежите цветни аранжмани се доставуваат во рок од 24 часа. НЕМА додатни трошоци при испораката бидејќи тие се вклучени во цената на цветниот аранжман.
Време на испорака
FlowerShop.com.mk врши испорака на која било валидна адреса во Македонија од понеделник до сабота. Ние испорачуваме до било кое село или град во Македонија. Доколку нарачката е направена до полноќ (00:00 часот) по македонско време, тогаш букетот ќе биде доставен следниот ден. Сите нарачки направени во сабота и недела ќе бидат доставени најрано во понеделник. (пример: Ако сакате букетот да биде доставен во сабота, тогаш нарачката треба да ја направите најдоцна до петок на полноќ)
Недела - Иако голем број свечености како што се веридби, свадби и крштевки се случуваат во недела, во моментов не сме во можност да вршиме испораки тој ден.
Не можеме да гарантираме испорака на букетот во одреден временски термин, но секогаш ќе се обидеме да им излеземе во пресрет на вашите барања.
Ако примачот на цветниот аранжман е на работа поголемиот ден од денот, ви препорачуваме да го испратите букетот на работното место.
Ве молиме проверете ги празничните денови во кои не вршиме испорака.
Потврда на нарачката
По успешно извршената нарачка добивате електронска порака која истата ја потврдува и го содржи бројот на нарачката. Откако испораката ќе биде направена добивате уште една електронска порака која е потврда дека букетот е успешно доставен.
Проблеми при нарачување
Во некои случаи различни фактори можат да ја спречат навремената испорака на букетот. Тоа можат да бидат: неточни или некомплетни податоци за адресата на примачот, примачот или друг член на семејството да не се достапни на наведената адреса или други непредвидливи фактори кои се надвор од нашата моќ. Ви препорачуваме да ги внесете податоците за примачот целосно и што е можно поточно, за да овозможиме навремена испорака на букетот.
Во случај на нецелосни податоци или ако примачот не е достапен, ќе контактираме со вас преку електронска пошта. Истиот цветен аранжман ќе се обидеме да го доставиме уште еднаш, без додатни трошоци. Ако испораката е неуспешна по втор пат, ќе сметаме дека нашите обврски кон вас се исполнети, и парите за неуспешната нарачка нема да ви бидат вратени.
Доколку имате прашања во врска со статусот на вашата нарачка и ви е потребен брз одговор контактирајте не.
Нарачки во празнични денови
Ви препорачуваме нарачките во пресрет на празнични денови како Божиќ, 8-ми Март и Денот на вљубените да ги направите однапред.
Национални празници во Македонија
- Нова година (1-ви и 2-ри Јануари)
- Божиќ ( 7-ми Јануари)
- Велигден ( во зависност од православниот календар)
- Ден на трудот (1-ви и 2-ри Мај)
- Илинден (2-ри Август)
- Ден на Републиката (8-ми Септември)
- Ден на востанието (11-ти Октомври)
|